ДПД Кочани | Доброволно противпожарно друштво Кочани

Возниот парк на ДПД Кочани од денес е побогат за уште едно ново возило

Возниот парк на ДПД Кочани од денес е побогат за уште едно ново возило, петто за нашата единица. За истото да го имаме е заслужна компанијата Антура МК која одлучи уште еднаш да ја поддржи нашата работа со конкретен чекор, а истиот се вика МАН 4х4.

Станува збор за возило кое изгледа импозантно. Истото е наменето и специјализирано за шумски пожари и ваквиот тип на возила се вистинска реткост дури и во Територијалните противпожарни единици во Македонија. Со својата носивост од 4 тона истото може да биде од голема полза и при пожари во урбана средина. Камионот кој го доби називот “петка” (петто возило по ред) е произведено 2000 година и има поминато само 28000 километри. Истото е набавено од Белгија и цената со сите трошоци до регистрација изнесува 25000 евра што е вредноста на донацијата на Антура МК.
Во оваа прилика сакаме да и изразиме голема благодарност на Антура МК за оваа донација, но и за сите други досега. Оваа компанија континуирано ја поддржува нашата работа секоја година. Токму тие беа едни од првите донатори на ДПД Кочани при формирањето кога обезбедија кондури за сите наши членови.
 
Оваа донација на Антура МК која уште еднаш на дело докажа дека е општествено одговорна компанија доаѓа во пресрет на нивниот јубилеј 10 години постоење, а воедно за ДПД Кочани во период кога се наближува третиот наш роденден.

Се надеваме овој потег на Антхура Мк ќе го следат и други компании и ќе тргнат по нивните стапки и ќе помогнат во доопремување и развој на ДПД Кочани.

Споделете не на: