Учество на меѓународната симулациска вежба за справување со шумски пожари “РОДОП 2023”
Доброволното противпожарно друштво Кочани денеска учествуваше на меѓународната симулациска вежба за справување со шумски пожари “РОДОП 2023”. Вежбата се реализираше во село Мачево, Општина Берово.
По претходно утврдено сценарио од дирекцијата за заштита и спасување, ДПД Кочани зеде учество со 5 членови. Благодарност до Дирекцијата за заштита и спасување за укажаната можност за учество на една ваква вежба која за нас е од огромно значење за стекнување на нови вештини и искуство за справување со шумски пожари.