ДПД Кочани | Доброволно противпожарно друштво Кочани

Трофејот пристига во Кочани

ДПД Кочани денес го освои историскиот прв трофеј од меѓународeн карактер и тоа златен, односно прво местo.
 
На меѓународниот противпожарен натпревар ВИП 2024 во Петроварадин, Нови Сад (Србија), ДПД Кочани настапи со две екипи. Во силна конкуренција на 21 екипи од Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија, едната екипа на ДПД Кочани го зазема првото место со дури 50 секунди предност пред второпласираната екипа. Одлично шесто место освои и втората екипа на ДПД Кочани.
Во следното видео можете да погледнете како ДПД Кочани го коваше златото:
Со звукот на противпожарната сирена, воден мост, бакли и огномети во кругот на Територијалната противпожарна единица Кочани свечено беше пречекана победничката екипа на Доброволното противпожарно друштво – Кочани.

Споделете не на: