Спроведен натпревар "Млади пожарникари" помеѓу двете средни училишта во Општина Кочани
Денес уште една активност успешно спроведена,во склоп на проектот “Млади волонтери за сигурна средина за живеење” се спроведе прв противпожарен натпревар “Млади пожарникари”помеѓу двете средни училишта во Општина Кочани.
Натпрварот се состоеше од три практични вежби од противпожарна заштита и две теоретски вежби од противпожарна заштита и прва помош. Со оваа активност го заокружуваме завршувањето на првиот проект спроведен од страна на ДПД Кочани.
Проектот “Млади волонтери за сигурна средина за живеење” кој се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен балкан-ReLoAd2 која е финансирана од Европската унија (ЕУ) а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот Млади волонтери за сигурна средина за живеење е кофинсиран од Општина Кочани.