Противпожарен натпревар во организација на домакинот ДПД Петроварадин
ДПД Кочани на покана од ДПД Петроварадин учествуваше на противпожарен натпревар во организација на домакинот ДПД Петроварадин.
На овој натпревар, прв од ваков тип екипата на ДПД Кочани составена од 4 члена го освои скромното 6то место. Ова за нас беше едно ново искуство како и едно дружење и размена на искуства со екипи од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија.
Во оваа прилика сакаме да се заблагодариме на ДПД Петроварадин и сите членови за нивното гостопримство.