ДПД Кочани | Доброволно противпожарно друштво Кочани

Пролетна акција за пошумување

Во организација на ДПД Кочани, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кочани и Ротари клуб Кочани-Виница а во кординација со Национални шуми – подружница Кочани и поддршка од ТППЕ Кочани беше спроведена акција за пошумвање.

Истата се реализираше на месноста Просечена скала каде пред две лета беснееше голем пожар кој проголта голема површина на шума.

Во денешната акција за пошумување беа засадени 600 садници багрем. Како што рековме и во неколку претходни наврати. Тука сме не само да интервенираме, туку и да превенираме и санираме пожари.

Особено сакаме да го истакнеме придонесот на нашиот подмладок, односно децата на нашите членови кои зедоа учество во денешното пошумување.

Споделете не на: