Денес нешто по 15:00 часот ДПД Кочани со едно возило и 7 члена се упати на терен со цел за гаснење на шумски пожар во атар на село Главовица. Се работи за пожар на тешко пристапен терен на кој се интервенираше до самиот мрак.
На терен беа и ТППЕ Кочани со 8 припадници, ТППЕ Македонски Каменица со 5 пожарникари, ДПД Саси со 3 члена и тим од Национални шуми од едно возило и 4 вработени.
Споделете не на: