Неколку минути по полнoќ две возила на ДПД Кочани со четири члена излегоа на градската депонија над с.Бели и дежураа до раните утрински часови. Целта беше да не се дозволи пожарот од депонијата да излезе од нејзините граници и да се прошири на околното зеленило, во што и се успеа.
На терен беше присутна и екипа на ТППЕ Кочани и КЈП Водовод. Екипите се на терен и во текот на денот да се спречи проширување на огнот.
Споделете не на: