Заменик-амбасадорот Ото Граф и волонтери од Доброволното противпожарно друштво ДПД Кочани потпишаа договор за донација на разновидна опрема за потребите на друштвото. Оваа донација ќе ја зголеми подготвеноста на членовите на друштвото, ќе ја зголеми нивната лична безбедност како и ефикасноста во служба на граѓаните при справување со пожари и други природни непогоди.
Финансиската поддршка на овој проект е овозможена преку малите проекти на Амбасадата од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи и има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој во Северна Македонија.
ДПД Кочани со овој проект уште еднаш ја истакнува својата заложба за надградба и осовременување на друштвото.