ДПД Кочани | Доброволно противпожарно друштво Кочани

Oтпочнување на својот прв проект насловен како „Млади волонтери за сигурна животна средина“

ДПД Кочани денес отвори ново поглавје во својата историја, а тоа е отпочнување на својот прв проект насловен како „Млади волонтери за сигурна животна средина“.

Истиот беше означен со воведна прес-конференција во просториите на МКЦ на која свое излагање пред медиумите имаше Проектниот кординатор Златко Илијев.

Во својот говор Илијев ја запозна јавноста за проектните активности кои ќе бидат спроведени во следните 6 месеци колку што ќе трае проектот. Истиот се состои од 8 активности во кои како соработници се јавуваат ТППЕ Кочани и Црвен Крст Општинска Организација Кочани, а партнери се СОУ Гошо Викентиев и СОУ Љупчо Сантов како и ДПД Свети Николе.

„Млади волонтери за сигурна животна средина“ на Доброволно противпожарно друштво Кочани се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот Млади волонтери за сигурна животна средина е кофинансиран од Општина Кочани.

Споделете не на: