Во изминатите неколку дена претставници на ДПД Кочани, ТППЕ Кочани и КЈП Водовод Кочани извршија контрола врз хидрантската мрежа на територија на град Кочани.
Од терен констатирано е дека хидрантската мрежа е во исправна состојба со мали исклучоци како кај надземните хидранти каде што недостасуват неколку слепи спојки, а пак кај подземните рачки за поклопаците или поклопаци за истите.
Евидентирани се и неколку нови подземни и надземни приклучоци што секако е голема придобивка.
Изготвен е записник и истиот е поднесен до КЈП Водовот како надлежна институција за одржување и сервисирање на мрежата за отклонување на забелешките и ставање на целокупната хидрантска мрежа во потполно исправна состојба.
До Општина Кочани е поднесено барање за поставување на вертикална сигнализација на подземните и надземните хидрантски приклучоци.
Споделете не на: