ДПД Кочани | Доброволно противпожарно друштво Кочани

Интервенција во село Тркање и село Оризари

Во 14:00 часот ДПД Кочани доби повик за испомош на ТППЕ Кочани во с.Тркање. На терен беа 10 пожарникари со 2 возила на пожар во близина на селото во кое изоре сува трева и шума.

Во 17:45 часот втор повик за интервенција во близина на с.Оризари.

На терен беа 5 пожарникари со 1 возило. Пожарот за кратко време беше ликвидиран.
 
ДПД Кочани уште еднаш упатува апел да не се палат стрништа и оган на отворено.

Споделете не на: