Денес одново иста локација, а на терен добро познати лица. Во рок од десетина дена по вторпат спасено село Врбица, но и Лепопелци и Трипатанци.
ДПД Кочани денес на повикот за помош на ТППЕ Кочани одговори позитивно уште во 9 часот наутро кога со едно возило и 4 члена излезе на терен. Нешто подоцна, околу пладне на терен излегоа уште 5 наши члена со едно возило, а попладне и трето возило со 3 члена. На нашиот повик за помош, позитивно одговори и ДПД Пехчево кои со едно возило и четири члена исто така излегоа на терен.
Поради крајно непристапниот терен, мешови тим од припадници на ТППЕ Кочани и ДПД Кочани со хеликоптер на МВР беше префарлен во село Рајчани каде десетина пожарникари од земја му го зададоаа последниот удар на пожарот. Истиот неконтролирано беснееше речиси 20 часа и во опасност доведе низа објекти, како куќи, плевни, земјоделски објекти, но на крај благодарение на кординираната акција и пожртвуваноста на луѓето на терен, немаше штета на истите.
Пред крајот од денот, пред да падне мрак ни се насмевна и Господ, па заврна краток дожд кој ги угасна и последните жарчиња.
Споделете не на: