ДПД Кочани | Доброволно противпожарно друштво Кочани

Нашите Интервенции

Интервенција на пожар во Општина Виница

ДПД Кочани попладнево со едно возило и 8 пожарникари беше поддршка на ТППЕ Виница и ТППЕ Кочани на гасење на голем пожар на спа хотелот Централ во Виница.

Со здружена акција во која учествуваа севкупно 28 пожарникари и 8 противпожарни возила пожарот беше изгаснаст за еден час.

Other Services

Want to Be a Part of Us?

Join Our department

Интервенција на пожар во село Нивичани

ДПД Кочани попладнево како поддршка ТППЕ Кочани интервенираше на пожар во село Нивичани. На истиот излеговме со 1 возило и 5 наши члена, а на терен се соочивме со пожар на потешко достапен ридест терен. Огнот имаше зафатено нискостеблеста шума и сува трева.

Нашата интервенција беше во период од 16:00 часот до 18:00. Овој пожар, како и неодамнешните во атар на село Теранци, како и оној во месноста Мегдан, за кои заедничко е дека се ридско -шумски, а се во доста влажни периоди од годината, делуваат загрижувачки во пресрет на летната сезона.

Затоа упатуваме уште еден силен апел да се престане со палење оган на отворено!

Сезоната на шумски пожари отворена уште во февруари

Денес во 1 часот на барање на ТППЕ Кочани експресно се мобилизираше нашата интервентна единица и со 11 члена и 1 наше возило излеговме на пожарот во месноста викана Мегдан. На терен се соочивме со пожар кој зафати смрека, сува трева, ниско стеблеста шума и бор на површина од 20 хектари. На гаснењето на овој пожар интервенираше и ТППЕ Кочани со 8 пожарникара и 4 возила и ТППЕ Виница со едно возило и 5 пожарникари. 

Но ова не беше се за денес. По враќање од терен и успешната интервенција на шумскиот пожар следеше нова интервенција, овојпат на запалено стрниште во атар на село Прибачево.