ДПД Кочани | Доброволно противпожарно друштво Кочани
ДПД Кочани во изминатите години, како технички, во опрема и возила, така паралелно се развива и во поглед на човечките капацитет со континуирани и напредни обуки.
Покрај низата предавања, обуки, тренинзи, учества на меѓународни наптревари, како и тоа што во нашите редови има шестмина со диплома за професионални пожарникари, никогаш не е доста од учење.
Овојпат беше спроведена и одржана обука од Пегаз ЕДУ за еден нов начин на гаснење и справување со пожари на отворено, односно црпење вода од природни извори, со каскадни препунктни базени, односно вода до секоја точка од оганот. Паралелно се дејствуваше и со возила, џипови, АТВ, грбни, електрични пумпи, моторни дувалки, метлици, а беше обезбеден и базен за полнење на ведрата на хеликоптерите.
Една мошне обемна, соддржајна и пред се корисна обука и показна вежба која секако немаше да биде таква како што е. Односно успешна без поддршката од нашите поддржувачи, како општински, владини и слични институции, така и од нашите гости, доброволни противпожарни друштва и професионални пожарникари кои зедоа активно учество.
Споделете не на: