Вчера беше еден од најтешките денови на шумски пожари сезонава на поддрачјето на Кочани
Вчера, 18.08.2024година се закануваше да биде еден од најтешките денови на шумски пожари сезонава на поддрачјето на Кочани.
Се делуваше на три фронта истовремено, и сите три на тешко достапни места на висока надморска височина. Екипите на ДПД Кочани и ТППЕКочани беа распределени на три оделни пожари. На Плачковица, на Осогово (с.Небојани) и селоВрбица.
ДПДКочани на овие пожари на терен учествуваше со 5своичленови, а уште толку беа во приправност во нашиот објект и беа подготвени веднаш да излезат, но за среќа дождот кој заврна ги скрати маките како на нас, така и на колегите ширум Македонија.
Знаеме дека оваа не е крај на оваа мачна сезона која максимално ги исцрпи сите расположиви човечки и материјални ресурси. Изминатиот период бележиме рекорден број на интервенции во краток временски период.
Влажното време и дождот ќе дојде добро да ги обновиме нашите сили, да се одмориме. Притоа да ја средиме опремата и возилата, односно да се организираме за новите предизвици кои би следеле.