ДПД Кочани учесник на Меѓународни противпожарни игри во Хрватска
ДПД Кочани изминатиот викенд зеде учество на противпожарните игри Marcana fire 2024 во организација на DVD Opcine Marcana.
Ова за нас беше втор ваков натпревар од меѓународен карактер и едно големо искуство дружејки се со колеги од Србија, Хрватска и Словенија.
Благодарност до организаторот и домаќинот DVD Opcine Marcana најпрво на поканата и на гостопримството. Благодарност и до Општина Кочани и Кузе Моторс кои помогнаа во реализација на ова патување.