Денес ДПД Кочани со нова необична интервенција, по добиена пријава од граѓани за повредена и дезиорентирана птица на кров од викендица на Пониква, како резултат на пожарите на Осоговските планини во близина на Пониква. На лице место веднаш се упатија 4 доброволци со едно возило и за брзо и безбедно птицата бешe транспортирана во ветеринарна амбуланта каде беше установено дека станува збор за Источноевропски царски орел кој се наоѓа на листата на загрозени птици во цела Европа.
Споделете не на: