ДПД Кочани | Доброволно противпожарно друштво Кочани

ДПД Кочани од денес побогатo за уште едно возило

Утрово по изминати нешто повеќе од 1000 километри благодарение на четиричлена наша екипа ни пристигна второто возило. Повторно станува збор за модел ТАМ Т130, прозиведен 1987 година.

Станува збор за возило набавено од Словенија, од ПГД Рогашка Слатина тип авто цистерна со носивост од 5 тона. Истото е набавено со финансиска поддршка од Општина Кочани, Општина Чешиново Облешево и Општина Зрновци.

Со возилото има пропратна опрема како црева, млазници, разделници и скала. Но ова не е се, ви најавуваме дека во најскоро време возниот парк ќе го збогатиме со уште едно, трето возило, но од поразличен карактер.
 

Споделете не на: