Доброволното пожарникарство во Кочани има традиција и датира многу години наназад, во минатиот век. Во прилог на ова сведочат фотографиите од вежба на улиците на Кочани која датира кон крајот на 70-те години, како и таблото на членови на ДПД Кочани во период од 1982 до 1984 година.
По многу години апстиненција и за првпат во независна Македонија пред нецели две години, есента 2021 по иницијатива на група млади луѓе се реинкарнираше и се формираше денешно ДПД Кочани кое успешно ја пишува својата приказна.
Споделете не на: