ДПД Кочани | Доброволно противпожарно друштво Кочани

ДПД и Ротари клубот Ново Место од Словенија

Денес, во очи на големиот христијански празник Велигден имавме чест да ги угостиме членовите на Ротари клубот Ново Место од Словенија. Нивни четирисетмина членови го посетија ДПД Кочани каде што се запознаа со инфраструктурата и опремата која што ја поседуваме. 

Притоа оваа нивна посета ја искористија да донираат противпожарна опрема, како црева, млазници, боци за дишни апарати, лична заштитна опрема како и финансиски средства.

Како знак на благодарност истите беа пречекани со традиционални наши јадења, како пита, зелник и баница подготвени од вредните раце на нашите дами.

За време на едночасовната меѓусебна средба беше поразговарано и за проширување и продолжување на меѓусебната соработка. Исто така денес пристутни беа и нашите големи пријател и поддржувачи од Ротари клубот Кочани – Виница

Споделете не на: