ДПД Кочани | Доброволно противпожарно друштво Кочани

ДПД Едукација

ДПД Кочани паралелно со другите активности, работи и на едукативен план. Во таа насока, денес во посета на ДПД Кочани и ТППЕ Кочани беа ученици од Основното училиште Раде Кратовче. Според нивната програма за учење беше предвидена и реализирана посета за запознавање на капацитетите на противпожарните сили во нашиот град. Притоа од припадниците на ТППЕ Кочани имаше предавње на темата заштита и превенција од пожари.

Дечињата имаа можност да се запознаат со возилата и средствата за гасење пожари и справување со елементарни непогоди кои го поседува ТППЕ Кочани и ДПД Кочани. А на крај беше спроведена и тактичко показна вежба за гаснење пожар.

Од страна на наши членови на учениците и беше потенцирано колку е значајно за опшеството да си волонтер, особено пожарникар – спасител, една од најхуманите професии.

Споделете не на: