ДПД Кочани | Доброволно противпожарно друштво Кочани

Донација на опрема од Германската Амбасада

Денес во просториите на ДПД Кочани беше извршена примопредавање од претставници на Германската амбасада во Скопје на опрема за ДПД Кочани преку проект за зголемување на капацитетите на ДПД Кочани. Преку овој проект ДПД Кочани обезбеди дишни апарати, интервентни чизми, мобилни и фиксни средства за комуникација, турбоматик млазници, моторни пили, потопни пумпи и контејнери за собирање и селекција на отпад.
Искрена и огромна благодарност до Германската Амбасада и германскиот народ за оваа донација и укажаната доверба за заедничка соработка.

Споделете не на: