По повод 20 мај, денот на пожарникарите денес во просториите на ТППЕ Кочани се одбележа со свечена смотра, а потоа и со дефиле на возилата низ градот. За првпат од редовите на ДПД Кочани беше прогласен пожарникар на годината, а признанието му припадна на Мирче Павлов.
Денес исто така го промовиравме и нашето трето возило, а станува збор за комбе од марката Форд Транзит.