Бурна ноќ и на кочанско тло која ја дочекавме со изгрејсонце на планина
Тројца ченови на ДПД Кочани како поддршка на ТППЕ Кочани синоќа, нешто пред 21 часот навечер се упатија и делуваа на планината Плачковица.
Огнот кој се закануваше да прерасне во голем планински пожар по цела ноќ борба е стишан и комплетно угасан. Иако не се препорачува гаснење пожар на отворено во ноќни услови, сепак ништо не се остави на случајноста.
Па така десетмината припадници на ТППЕ Кочани и ДПД Кочани на локација над село Теранци храбро и пркосеа на огнените јазици и на крај излегоа како победници.
Станува збор за тешко достапен терен, па до самиот пожар требаше да се оди речиси пола час пеш. Иако огнот беше совладан релативно брзо, на жариштето остана да се делува до рано наутро, поточно до 5 часот. А имаше и зошто бидејќи неколупати се разгоруваше на неколку места, но со брзата реакција не се дозволи одново да пламне и да се рашири на поголема површина.