ДПД Кочани | Доброволно противпожарно друштво Кочани

Акција за санациија на последици од пожар

ДПД Кочани денес уште еднаш на дело ја покажа својата хуманост. Тука сме да помогнеме кога е најтешко. Освен што гаснеме пожари, денес со својата акција придонесовме и за санациија на последици од пожар.

Имено на 17 март голем пожар зафати семејна куќа во село Митрашинци, Општина Берово. Истиот нанесе голема штета и оштети 70% од истата. Денес 9 наши членови кои беа потпомогнати и од неколку наши сограѓани, цивили од раните утрински часови, па се до доцните попладневни часови го расчистуваа шутот од пожарот. Поточно она што остана од кровната конструкција, како и од внатрешноста на куќата.

Доколку некој хуман граѓанин или стопaнственик има желба на каков било начин да и помогне, нека не контактира преку порака на ФБ или Инстаграм.

Споделете не на: