ДПД Кочани | Доброволно противпожарно друштво Кочани

ДПД Кочани спроведе акција за превенција и заштита од шумски пожари

Викендов ДПД Кочани заедно со ТППЕ Кочани, Дирекција за заштита и спасување и ОВР Кочани спроведе акција за превенција и заштита од шумски пожари. На две различни локации, едната кон Пониква и другата кон брана Градче поделивме прирачник за заштита и превенција од пожари и друг вид елементарни непогоди.

Со ваквите акции сакаме да ја подигнеме целокупната свест кај сите граѓани за големите штети од пожарите како и постапување при настанат пожар. Ваквите акции ќе продолжат и во иднина се со цел намалување и спречување на штетите од пожари.

Споделете не на: