ДПД Кочани | Доброволно противпожарно друштво Кочани

ДПД Кочани секогаш онаму каде што е најпотребно - 17 часовна акција во неготинско

Вчера, 15.07.2024 (понеделник) ДПД Кочани со 8 члена и 2 возила (една авто цистерна и едно комбе) делуваше на пожарот во неготинско на планината Серта. 

Денот почна рано наутро во 06:00 часот кога екипата на ДПД Кочани од нашата база се упати кон критичните места и пристигна нешто пред 08:00 каде добивме координаци и веднаш се делуваше.
 
На лице место се соочивме со исклучиво лош терен и екстремно недостапен, но со големи човечки напори се делуваше. Како одминуваше денот се повеќе жаришта се разгоруваа, па по потреба нашите тимови на терен ги менуваа локации. 
 
Во поголем дел од денот се интервенираше во мешани екипи со припадници на војската на Македонија. А на терен со нас беа и ТППЕ Неготино, ТППЕ Штип, ТППЕ Кавадарци и ТППЕ Прилеп.
Температурата во еден период од денот беше 43 степени, а дополнително во близина на огнот истата беше сигурно над 50 степени. Како целна и приоритетна задача на ДПД Кочани беше зададена и ставен фокус огнот да не премине од една на друга страна од патот Штип-Неготино, во што и се успеа. Патот во еден период беше комплетно во прекин.
 
На терен се задржавме се дури имаше дневно светло, поточно до стемнување се интервенираше. Назад во Кочани се вративме околу 23:00 часот. Оваа прилика сакаме да ја изразиме благодарноста на низа хумани граѓани кои поминувајќи со своите возила застануваа и ни даваа освежителни пијалоци. Исто така од надлежните од Општина Неготино исто така имаше редовна и навремна достава на храна и ладна вода за освежување.

Споделете не на: