ДПД Кочани | Доброволно противпожарно друштво Кочани

Посета на ДВД Мраморак

На враќање од Петроварадин нашата екипа доби покана да го посети ДВД Мраморак, доброволно друштво од истоименото село основано далечната 1876 г. Причина за посетата беше нивниот натпревар за млади деца волонтери на возраст од 3 до 16 години. Беше огромно задоволство да се присуствува на еден ваков настан, да се гледаат тие деца среќни и насмеани нешто што недостасува во нашата Македонија.
 
На поаѓање домакините кои беа многу гостопримливи ни поклонија една звучна сигнална сирена која ќе остане во сеќавање за почеток на едно ново пријателство.

ДПД Кочани и во иднина ќе настојува да ги одржува веќе стекнатите пријателства со пријатели од Србија, Хрватска и Словенија но, и да гради нови пријателства со друштва од балканските и европските земји се со цел стекнување на нови искуства и вештини кои подоцна ќе бидат спроведени кај нас за подигање на јавната свест за превенција и заштита од пожари како и секаков друг вид елементани непогоди.

Споделете не на: